Индексот на трошоци за живот, кој е клучен показател за движењето на инфлацијата, во Македонија во декември бележи раст од три отсто во споредба со истиот месец лани. Истовремено, индексот на цените на мало во декември 2010 година, спореден со декември 2009 година, забележа пораст од 3,7 отсто. Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците за живот мерен на месечно ниво бележи пораст од 1,6 отсто, додека индексот на цените на мало во декември, во однос на претходниот месец, се зголемил за 0,7 отсто. Движењето на индексот на трошоците за живот во 2010 година било различно по одделни групи на потрошувачка. Пораст на индексите е забележан во групите: огрев и осветление за 8,7 отсто, сообраќајни средства и услуги за 3,7 отсто, облека и обувки за 0,8 отсто, стан (станарина, вода и услуги) за 0,6 отсто, тутун и пијалаци за 0,5 отсто, хигиена и здравје, покуќнина, култура и разонода и ресторани и хотели за 0,4 отсто и исхрана за 0,3 отсто.
Индексот на трошоци за живот, кој е клучен показател за движењето на инфлацијата, во Македонија во декември бележи раст од три отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Истовремено, индексот на цените на мало во декември 2010 година, спореден со декември 2009 година, забележа пораст од 3,7 отсто.
Според Државниот завод за статистика, индексот на трошоците за живот мерен на месечно ниво бележи пораст од 1,6 отсто, додека индексот на цените на мало во декември, во однос на претходниот месец, се зголемил за 0,7 отсто.
Движењето на индексот на трошоците за живот во 2010 година било различно по одделни групи на потрошувачка.
Пораст на индексите е забележан во групите: огрев и осветление за 8,7 отсто, сообраќајни средства и услуги за 3,7 отсто, облека и обувки за 0,8 отсто, стан (станарина, вода и услуги) за 0,6 отсто, тутун и пијалаци за 0,5 отсто, хигиена и здравје, покуќнина, култура и разонода и ресторани и хотели за 0,4 отсто и исхрана за 0,3 отсто.
Вредноста на потрошувачката кошница за исхрана и пијалаци за едно четиричлено домаќинство, пресметана врз основа на цените на мало, за декември 2010 година изнесува 12.342 денари и во однос на претходниот месец е повисока за 1,1 отсто.